Рома се извлече а турски Башакшехир во драматичен натпревар со гол во последните секунди од мечот се избори за европска пролет во Лигата на Европа, во највозбудливата Група Ј од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Во последното, 6. коло, од групната фаза, Рома ремизираше (2-2) со Волфсбергер што и беше сосема доволно за второто место во групата и пласман понатаму во Европа. Башакшехир, пак, го шокираше Менхегладбах во 90. минута, победувајќи со 1-2 со гол на Французинот Енцо Кривељ. На тој начин Турците го освоија првото место во групата, додека Менхенгладбах испадна и покрај тоа што му беше неопходен само бод за продолжување понатаму на европската сцена.
Од Групата Г, Глазгов Ренџерс и Порто обезбедија европска пролет, а во Групата Л, Манчестер јунајтед убедливо со 4-0 го победи АЗ Алкмар во натпревар без резултатско значење со оглед на тоа што и двете екипи од претходно веќе обезбедија место во елиминациската фаза од Лигата на Европа.
ЛИГА ЕВРОПА – 6. КОЛО
ГРУПА Г
Порто – Феенорд 3-2
Глазгов Р. – Јанг Бојс 1-1
ГРУПА Х
Лудогорец – Ференцварош 1-1
Еспањол – ЦСКА 0-1
ГРУПА И
Гент – Александрија 2-1
Волфсбург – Ст. Етјен 1-0
ГРУПА Ј
Рома – Волфсбергер 2-2
Менхенгладба – Башакшехир 1-2
ГРУПА К
Слован – Брага 2-4
Вулверхемтон – Бешикташ 4-0
ГРУПА Л
Партизан – Астана 4-1
Манчестер ј. – АЗ Алкмар 4-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА