Нов договор за репрезентативецот: Дејан Манасков во Веспрем до 2022 година

Унгарскиот ракометен клуб Веспрем го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Левото крило ја продолжи соработката со европскиот вицепрвак за дополнителни две сезони и стави потпис на верност до јуни 2022 година.

Манасков имаше забележителни партии во дресот на Веспрем оваа и минатата сезона, па раководството на клубот одлучи да му понуди нов договор. Покрај Македонецот, нови договори до 2022 година потпишаа и Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ. Голманот Родриго Коралес стави потпис на нов четиригодишен договор со Веспрем.

Унгарскиот клуб се наоѓа во група заедно со Вардар во Лигата на шампионите и славеше убедлив триумф над „црвено-црните“ во Скопје. По десет натпревари во групата Б, Веспрем е второпласиран со 14 бода, а Вардар се наоѓа на шестата позиција со девет освоени бода. На врвот е Кил со 16 бода.

Се вчитува...