Алекси Пантуро е победник на слаломската трка што денеска се возеше во Вал д’Изер, по двете извонредни возења со кои Французинот ги остави зад себе ривалите.
Тој беше лидер и по првата трка, а потоа уште подобро ја извозе втората, импресивно стигнувајќи до победата. Второто место го освои Андре Мирер со 1,44 секунди послабо време од победникот, а третопласиран беше Стефано Гросо од Италија со 1,47 секунди заостанување зад Пантуро.
Ова беше трета победа во кариерата за францускиот скијач, прва во слалом по пауза од цели шест години. Со овој триумф Пантуро се искачи на врвот во генералниот пласман во Светскиот куп со 264 бода, пред Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 243 и Матијас Мајер од Австрија со 233 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА