Рома успеа по пресврт да триумфира над „фенерџијата“ СПАЛ со 2-1, во натпревар од 16. коло во италијанската Серија А.
По првото полувреме гостите имаа предност од 0-1 со голот на Петања од пенал. Во вториот дел „римската волчица“ заигра подобро. Прво со голот на Пелегрини во 53. минута Рома израмни на 1-1. Целосен пресврт донесе Пероти со гол од пенал во 66. минута, додека конечните 3-1 ги постави Хенрик Мктаријан со гол во 83. минута.
Со победата римскиот тим се искачи на четвртата позиција на првенствената табела со 32 бода, односно еден помалку од градскиот ривал Лацио кој има и натпревар помалку, додека СПАЛ останува последен со само 9 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА