ЛЕ: Ристовски и Спортинг Л. против Башакшехир, Арсенал оди во Грција, Јунајтед во Белгија

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе игра против белгискиот Клуб Бриж во 1/16-финалето од Лигата на Европа, а Арсенал за ривал ќе го има грчкиот Олимпијакос. Португалскиот тим Спортинг Лисабон, чиј член е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, нокаут фазата од Лигата на Европа ќе ја почне со Башакшехир.

Италијанскиот калчолигаш Интер ќе се сретне со бугарскиот Лудогорец, Рома ќе му се спротивстави на Гент, а Бенфика ќе има дуели со Шахтјор Доњецк.

Ајакс ќе игра против Хетафе, Порто ќе ги одмери силите со Баер Леверкузен, а Селтик ќе има пресметка со ФК Копенхаген.

ЛИГА ЕВРОПА, ДВОЈКИ 1/16-ФИНАЛЕ

ВУЛВЕРХЕМПТОН – ЕСПАЊОЛ

СПОРТИНГ ЛИСАБОН – БАШАКШЕХИР

ХЕТАФЕ – АЈАКС

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ПОРТО

ФК КОПЕНХАГЕН – СЕЛТИК

АПОЕЛ – БАЗЕЛ

КЛУЖ – СЕВИЛЈА

ОЛИМПИЈАКОС – АРСЕНАЛ 

АЗ АЛКМАР – ЛАСК

КЛУБ БРИЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 

ЛУДОГОРЕЦ – ИНТЕР

АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ – САЛЦБУРГ 

ШАХТЈОР ДОЊЕЦК – БЕНФИКА

ВОЛФСБУРГ – МАЛМЕ

РОМА – ГЕНТ

ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС – БРАГА

Се вчитува...