Анчелоти пристигна во Ливерпул, следи потпис со Евертон

Карло Анчелоти е пред потпис да стане нов менаџер на Евертон, откако италијанскиот стратег пристигна во Ливерпул на завршни преговори со „карамелите“. Тој пред само неколку дена доби отказ во Наполи, но веднаш по заминувањето доби интересни понуди од Арсенал и Евертон.

Преговорите со „топчиите“ не вродија со плод, но Евертон беше поупорен, па откако „карамелите“ го убедија Анчелоти да дојде во Англија, се очекува најдоцна до утре тој да биде промовиран во наследник на Марко Силва. Во меѓувреме улогата на менаџер ја извршува Данкан Фергусон, кој има една победа и едно реми на клупата на „карамелите“, но веќе стави до знаење дека не планира да остане на оваа функција.

За Анчелоти ова ќе биде враќање назад во Премиер-лигата, каде пред неколку сезони стигна и до шампионската титула како предводник на Челси.

 

Се вчитува...