Примирје во Наполи – Де Лаурентис ги поништи казните!

Со сила убавина не бидува, го увиде тоа и Аурелио де Лаурентис, па првиот човек на Наполи реши да ги намали тензиите во екипата и да ги поништи казните на фудбалерите што ги изрече минатиот месец.

Сите фудбалери на Наполи беа казнети поради одбивањето по ремито со Салцбург во ЛШ да се вратат во тренинг-комплексот, дел од нив најавија и судски жалби, но она што е најважно – конфликтот сериозно ја наруши атмосферата во екипата, па Наполи ја продолжи серијата слаби резултати.

Де Лаурентис се реши и за тренерска смена, но и Гатузо дебитираше со пораз, па првиот човек на клубот сега реши да го смири конфликтот со фудбалерите, поништувајќи им ги изречените казни. Целта е јасна, сите максимално да се фокусираат на настапите на теренот, за што поскоро да биде најден излез од резултатската криза.

Наполи по 16 одиграни кола се наоѓа на осмото место со само 21 бод, дури 18 помалку во однос на водечките Јувентус и Интер.

Се вчитува...