Јунајтед и Сити лесно, Лестер после пенали, до полуфиналето во Лига купот на Англија

Манчестер Јунајтед го совлада Колчестер со 3-0, а Манчестер Сити славеше со 1-3 на гости против Оксфорд, со што двата премиерлигаши го трасираа патот во полуфиналето на Лига купот на Англија. Најтешко меѓу четирите најдобри во ова натпреварување мина Лестер, кој после пенали го елиминира Евертон со 2-4. Во регуларниот тек дуелот заврши 2-2.

Маркус Рашфорд и Антони Марсијал ги постигнаа головите за „црвените ѓаволи“, а автогол си даде Рајан Џексон. Сите три погодоци на „Ол Трафорд“ паднаа во раниот тек од второто полувреме.

Рахим Стерлинг беше двоен стрелец, а Жоао Кансело го отвори резултатот при триумфот над „граѓаните“ против Оксфорд. Мат Тејлор беше стрелец на единствениот погодок за домашниот тим. Астон Вила со убедливиот триумф над вториот тим на Ливерпул (5-0) прва обезбеди пласман во полуфиналето.

Се вчитува...