Признанијата за Муслиу, Османи, Елмас… во изборот на најдобрите на ФФМ закажан за 24. декември!?

Репрезентативецот Висар Муслиу кој со Шкендија изминатава година стигна до шампионската титула, тренерот Ќатип Османи, ФК Шкендија како клуб, како и еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал Елиф Елмас се очекува да ги понесат главните признанија во изборот на најдобрите на ФФМ за изминатата 2018/2019 сезона кој ќе се одржи на 24. декември во Македонскиот народен театар.

Фудбалската Федерација на Македонија традиционално и оваа година го организира изборот на најдобрите во македонскиот фудбал, при што се очекува признанието за најдобар фудбалер да го понесе репрезентативецот Висар Муслиу. Вообичаено, согласно и досегашните критериуми, признанието за најдобар тренер се очекува да оди кај освојувачот на шампионската титула, во случајот Ќатип Османи, а ФК Шкендија треба да го понесе признанието за најдобар клуб во сениорска конкуренција.

Признанието за најдобар презентер на македонскиот фудбал во странство, пак, се очекува да замине во рацете на фудбалерот на италијански Наполи, Елиф Елмас.

Со одлука на Судиската организација при ФФМ, пак, за најдобар судија на сезоната избран е Марјан Гоцевски.

Се вчитува...