Синиша Михајловиќ на гала вечер беше прогласен за најдобар српски тренер за 2019 година, на прославата на 100 годишнината на Фудбалскиот сојуз на Србија. Михајловиќ имаше емотивен говор, со кој успеа да ги расплаче сите присутни на гала вечерта.
„Ветив дека нема да плачам, но ви благодарам на сите. Сакам само да ве поздравам. Ви благодарам за оваа чест што ми ја направивте. Да се биде најдобар тренер на Србија е најголемо признание кое го имам добиено во кариерата“, изјави Михајловиќ.
Синиша Михајловиќ, Болоња ја презеде во јануари годинава и со одлична резултатска серија успеа да избори опстанок во Серија А. Му беше дијагностицирана леукемија, мина три циклуси хемотрепаија и трансплантација на коскена срцевина. Во неделата, првпат седеше на клупата на Болоња, а неговиот тим со 3-2 загуби од Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА