Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Војдан Стојановски имаше солидна партија во победата на неговиот нов тим По Ортез над Шалон со 92-86 во натпревар од 16. коло од француската кошаркарска лига.
Нашиот репрезентативец натпреварот го заврши со седум поени и три скока. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дентмон со 27 поени, Мур постигна 16, а Корнелие 15. Кај гостите се истакна Робинсон со 21 поен.
Со оваа победа По Ортез се искачи на десетата позиција на табелата со скор од шест победи и девет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА