Англискиот премиерлигаш Челси е подготвен да плати 120 милиони фунти за ангажман на младата англиска ѕвезда Џејдон Санчо и да го врати во Премиер-лигата. Тој од Манчестер Сити замина во Бундес-лигата, таму блесна во полн сјај и сега има огромна вредност на трансферниот пазар.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ доби дозвола за трансфери во зимскиот преоден рок и ќе се обиде веднаш да доведе „капиталец“. Менаџерот Франк Лампард смета дека Санчо би донел огромен квалитет во тимот, а сопственикот Роман Абрамович веќе дал дозвола за реализација на овој трансфер.
Во трка за ангажман на Џејдон Санчо се и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Џејдон Санчо оваа сезона постигна 12 гола и забележа 14 асистенции во дресот на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

