Давид Силва се сели во Мајами во тимот на Бекам

Дејвид Бекам се договорил со Давид Силва за трансфер на Шпанецот од Манчестер Сити во новата франшиза која ќе биде дел од МЛС лигата, Интер Мајами, тврдат медиумите во Англија и во Шпанија. Договорот на Силва со Манчестер Сити истекува на крајот од оваа сезона и наводно нема да има продолжување на соработката.

Давид Силва има повеќе од 400 настапи во дресот на Манчестер Сити и со клубот од „Итихад“ има освоено 13 трофеи. Дејвид Бекам кој е поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и на Милан се обидува за новиот клуб да обезбеди звучни имиња пред се од клубовите од Англија, Шпанија и од Италија.

 

 

 

Се вчитува...