Елмас ќе почека за првиот гол во Серија А, погодокот е запишан како автогол на Обијанг (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сепак ќе почека за дебитантскиот гол во Серија А. Тој првично беше запишан како стрелец на победничкиот гол за Наполи на гости против Сасуоло (1-2) постигнат во четвртата минута од судиското продолжение, но по прегледување на видео-снимката сепак е одлучено дека тоа е автогол на домашниот фудбалер Обијанг.

Наполи победи по девет меча пауза, а ова е прв триумф на новиот тренер Џенаро Гатузо. Елиф Елмас ги одигра последните дваесетина минути од мечот. Сасуоло поведе со голот на Хамед Траоре во 29.минута, а израмни Алан во 57.минута.

Се вчитува...