Хорхе Лоренцо пред само еден месец најави дефинитивно негово пензионирање, но очигледно е дека не може без моторот. Како што пренесува „Газета дело спорт“, Лоренцо се премислил и веќе се наоѓа пред потпис за Јамаха каде треба да биде ангажиран како тест возач за јапонскиот тим!
Лоренцо со Јамаха освои три шампионски титули, а неговото враќање во овој тим значи повторно соработка со Валентино Роси.
„Секако би сакал Лоренцо да ни биде тест-возач затоа што е брз и сигурно би ни бил од голема помош“ – вели Роси.
Доаѓањето на Лоренцо го најави и директорот на Јамаха, Лин Јарвис кој навести пристигнување на славно име како тест-возач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА