Новогодишна магија со култните автомобили „Буба“

Членовите на Буба Клуб Македонија и нивните пријатели-љубители на „Мини Морис“ со помош на Град Скопје викендов дефилираа низ Скопје накитени со новогодишни сијалички и огромен гумен Дедо Мраз. Колоната од „Буби“ наиде на радост, насмевки и поздрави од минувачите, а возачите низ градските улици ги поздравуваа весело свирејќи со свирките од автомобилите.

Најмногу им се израдуваа најмладите, кои застануваа на улица и весело скокаа и ги поздравуваа.

Дефилето заврши на градскиот плоштад, каде нашите сограѓани им се израдуваа на накитените автомобили. Тие беа вистински хит – скопјани кои се затекнаа на градскиот плоштад вистински се израдуваа – и веднаш почнаа да се фотографираат со нив. Колоната од накитени „Буби“ одлично се вклопи во предновогодишната атмосфера на градскиот плоштад.

Членовите на клубот следната година ќе прослават 10 години постоење и најавуваат бројни активности. Тие и до сега беа мошне активни со низа акции, дефилеа, учество на меѓународни возења, а ова новогодишно дефиле е прво од ваков вид во градот.

Фото: карклуб.мк/фејсбук

Се вчитува...