Работнички прв почнува со зимски подготовки, Ратко Достаниќ в четврток ги прозива „романтичарите“

Работнички прв ќе ги стартува зимските подготовки. Новиот тренер Ратко Достаниќ официјално ќе стартува со работа в четврток, информира клубот преку официјалниот сајт. Првата прозивка на Достаниќ е закажана за 26.декември во 16 часот. Очигледно дека српскиот стратег веднаш почнува со сериозен пристап. Тој ќе одржи неколку тренинзи со тимот во пресрет на новогодишните празници за да се запознае подобро со ростерот на Работнички. Потоа ќе следи кус одмор и старт на зимските подготовки пред заминувањето во Анталија.

Работнички по првиот дел од сезоната се наоѓа на последната позиција на табелата во Првата лига со 15 освоени бода. „Романтичарите“ сакаат добро да се подготват за вториот дел од шампионатот кога ќе водат грчевита борба за опстанок.

Се вчитува...