Македонскиот фудбал се движи во вистинска насока, ФФМ вечерва ги награди најдобрите за сезоната 2018/19, со искрена надеж дека годината што следи ќе биде онаа историската – кога Македонија конечно ќе се најде на едно големо натпреварување во сениорска категорија.
Висар Муслиу беше добитник на „главната награда“ за фудбалер на сезоната, признанија добија и репрезентативците Елиф Елмас и Стефан Ристовски, награда за животно дело долгогодишниот новинар и коментатор Атанас Костовски, постхумно беше награден и големиот пријател на македонскиот фудбал, Слободан Вујчиќ – Брацо…
Тренчовски од Академија Пандев беше избран за тренер на сезоната, „пандевци“ добија и награда за фер-плеј, а признанието за најдобар стрелец заврши во рацете на Влатко Стојановски, чии добри игри и голови за Ренова беа препорака за супертрансферот во францускиот прволигаш Ним.
Оваа церемонија значеше и печат на 2019 година на фудбалски план. Следната 2020 нека биде за паметење…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА