Директорот на КФСМ, Тодор Гечевски, не го криеше задоволството што е постигнат договор со Александар Тодоров за да седне на клупата на националниот тим, изразувајќи надеж дека со овој кормилар Македонија повторно ќе биде дел од големите натпреварувања.
„Преговорите траеја речиси цел месец, но на крајот најдовме заеднички јазик. Сите имаме иста цел – пласман на претстојното ЕП и враќање на Македонија на големите натпреварувања“ – изјави Тодор Гечевски.
Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, уште еднаш потенцираше дека досегашниот селектор Јорданчо Давитков не е отпуштен, туку си заминува по истекот на договорот.
„Договорот на Давитков беше истечен и ние решивме да дадеме шанса на тренер со големо искуство, што има работено во други држави. Наш став, по консултациите со други лица од мак-кошарката, е дека Тодоров е вистинскиот човек за наш предводник на репрезентацијата во наредниот период“ – изјави претседателот Антиќ.
„Наша цел е да се пласираме на европскиот шампионат, а досегашниот селектор Давитков во последните години долго беше надвор од европската кошарка. За разлика од него, Тодоров во сиот овој период редовно ги следи настаните ширум Европа, беше тренер во неколку различни земји и затоа веруваме дека тој е многу подобро решение“ – дополни директорот Гечевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА