Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го доведе францускиот интернационалец Адриен Рабио на позајмица во зимскиот преоден рок. Новиот менаџер Микел Артета нема на располагање преголем буџет за засилувања, па ќе обиде да ангажира неколку нови имиња на заем до крајот на сезоната.
Рабио не добиваше голема минутажа во првиот дел од сезоната и изрази незадоволство, а тоа сака да го искористи Арсенал и да го доведе на шестмесечна позајмица. До почетокот на декември, Французинот настапи само на седум натпревари во Серија А, на поголемиот дел влегуваше во игра како резерва, а потоа Сари му даде шанса на три меча во низа, два во италијанскиот шампионат и еден во ЛШ.
Рабио има договор со Јувентус до 2023 година, но можеби ќе прифати да замине на позајмица во Арсенал затоа што сака да се наметне и за место во националниот тим на Франција за ЕВРО 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА