Таинствена порака на сопругата на Шумахер, на шестгодишнината од несреќата

За три дена се навршуваат точно шест години од тешката несреќа која на скијање во Франција ја доживеа легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер.

Во таа несреќа Германецот доживеа тешки повреди на главата, минувајќи одредено време во кома. За неговата здравствена состојба реално малку се знае… Неговата сопруга Корина сега се огласи со порака во една од групите за поддршка на Шумахер.

„Големите нешта почнуваат со мали чекори. Мали коцкички секогаш може да создадат голем мозаик“ – стои во таинствената порака која Корина ја испрати до фановите на својот сопруг.

Многумина ја разбираат оваа порака како сигнал дека Михаел добро се опоравува, но од неговото семејство официјално ништо не сакаат да коментираат.

Се вчитува...