Филип Талески и Жарко Пешевски нема по добро да го паметат денешниот ден откако тимовите на двајцата македонски репрезентативци претрпеа убедливи порази на гостувањата во Бундес-лигата.
Талески со Балинген загуби со резултат 36-23 на гостувањето против Мелсунген, меч на кој македонскиот лев бек постигна еден гол од два обиди, а имаше и една асистенција.
Пешевски и Штутгарт настрадаа на дуелот против Хановер, на кој тимот на нашиот репрезентативен пивот постигна само 19 гола (32-19). Жарко Пешевски одигра слаб меч, на постигнувајќи ниту еден погодок со три промашувања при обидите да ја затресе противничката мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА