Најдоброто од Македонија на едно место: Одбојкарите, ракометарите, каратистите… со признанијата за 2019 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Агенцијата за млади и спорт уште еднаш традиционално ги избра најдобрите во македонскиот спорт за изминатава 2019 година. Најзначајните награди за спортист и спортистка на Македонија ги понесоа ракометарот Стојанче Стоилов (отсутен) кој стигна до европската шампионска круна со РК Вардар, како и каратистиката Пуликсенија Јовановска која на Европското првенство во Гвадалахара го освои петтото место во кати.

Одбојкарската репрезентација која за прв пат настапи на едно Европско првенство е прогласена за најдобра машка репрезентација, додека во женска конкуренција, таа награда и припадна на сениорската ракометна репрезентација. Капитенот на одбојкарите Никола Ѓорѓиев доби наградата за посебни достигнувања во спортот за 2019 година. Најдобра федерација е Ракометната федерација на Македонија….

Најдобра млада спортистка на Македонија за изминатава 2019 година е кикбоксерката Миа Тодорова.

 

 

НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ЗА 2019 ГОДИНА:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Столе Стоилов (ракомет)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Пуликсенија Јовановска (карате)
НАЈДОБРА ФЕДЕРАЦИЈА: Ракометната федерација
ПОСЕБНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СПОРТОТ: Никола Ѓорѓиев (одбојка)
НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: Сашко Арсовски (карате)
НАЈДОБАР МАШКИ КОЛЕКТИВ: Одбојкарска репрезентација
НАЈДОБАР ЖЕНСКИ КОЛЕКТИВ: Ракометна репрезентација
НАЈДОБАР СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Бесир Алили (борење)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Миа Тодорова (кик-бокс, мау-таи)
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТ: Карате тим (Ангела Мојсовска, Симона Заборска, Моника Пендаровска и Сара Радичевска) УКИМ – Скопје
НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ: „Никола Карев“ – Скопје
НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КЛУБ: „Видое Подгорец“ – Струмица

Се вчитува...