Нејмар е среќен крај Меси и Суарез (фото)

Нејмар инсистираше на трансфер во Барселона минатото лето, но тоа не се оствари поради децидниот став на челниците на ПСЖ да не дозволат Бразилецот да си замине без да бидат вратени оние 222 милиони евра што францускиот тим ги плати за негов ангажман.

Врските меѓу Нејмар и Барса се уште се силни, па така бразилскиот голгетер се најде на листата на гости на „обновувањето на брачните завети“ на Луис Суарез. Меѓу гостите имаше неколку фудбалери на Барселона, а Нејмар ја искористи новата средба со поранешните соиграчи за „селфи“ кое вирално се рашири по социјалните мрежи.

Каталонците „сонуваат со отворени очи“, верувајќи дека трансферот што не се случи минатото, ќе се реализира следното лето.

Се вчитува...