Црвена Звезда се засили со кошаркар кој до пред два дена играше за Олимпијакос

Шампионот во АБА лигата, Црвена Звезда се засили со Кевин Пантер, кошаркар кој пред само два дена го раскина договорот со грчкиот великан Олимпијакос. Пантер игра на позициите 1 и 2, а со црвено-белите потпиша договор до крајот на сезоната.

Кевин кариерата ја почна во колеџ тимот на Тенеси, а во Европа покрај за Олимпијакос, настапуваше и за екипите на Лаврија, Антверпен, АЕК и Виртуос. Првиот натпревар во новиот тим тој ќе го има во понеделник кога во АБА лигата Црвена Звезда ќе се сретне со црногорскиот Будучност.

 

Се вчитува...