Џенова и вторпат сезонава го промени тренерот, а вкупно шестти од летото 2018 година. Место Тијаго Мота, кој доби отказ, тимот во продолжение од првенството ќе го води Давиде Никола.
Мота, за кого Џенова беше прва тренерска задача во кариерата, се задржа само нешто повеќе од два месеци во тимот. Стартуваше со победа од 3-1 против Бреша, но во следните осум кола Џенова само трипати ремизираше и запиша дури пет порази.
Тимот на капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, сезоната ја почна со Андреа Андреацоли на клупата. Тој мораше да замине по само пет освоени бода во првите осум кола кога беше заменет од Мота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА