Американката Микаела Шифрин е победничка на слаломската трка која денеска се возеше во австриски Линц.
Шифрин одработи две извонредни возења, во двете беше најбрза и на крајот со вкупно време од 1:48.89 го зазеде првото место. Зад неа на пиедесталот беше словачката скијачка Петра Влхова, додека на третото место со големо заостанување заврши швајцарската скијачка Мишел Гисин.
Со оваа победа Шифрин дојде до 746 бода во вкупниот пласман во Светскиот куп и далеку е пред конкуренцијата. Во поредокот во слалом е на 300 бода, 140 повеќе од Влхова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА