Маркињос потпишува нов договор со ПСЖ

Бразилскиот интернационалец Маркињос ќе потпише нов договор со францускиот првак Пари Сен Жермен. 25-годишниот дефанзивец се согласил за продолжување на соработката со парискиот клуб и треба да стави потпис на нов четиригодишен договор.

Според новите услови, Маркињос ќе биде еден од најдоброплатените фудбалери во тимот на „светците“. Оваа сезона Маркињос одигра 15 натпревари и постигна еден погодок во дресот на Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...