Марио Танкоски беше во главна улога на денешното финале на „Трофеј Карпати“, откако младиот бек на Металург блесна и со осум погодоци ја предводеше Македонија до победата во дуелот со Романија. Тој одлично се снајде како лидер на оваа подмладена селекција, а по мечот не го криеше задоволството од остварениот резултат.
“За мене не е неочекувано што победивме. Ние дојдовме со цел да победиме и ја остваривме целта. Игравме со репрезентации од кои се покажавме подобри, имаме искуство иако сме помлади од нив. Денеска имавме добра партија, сега останува да ги завршиме подготовките и да се покажеме во најдобро светло на ЕП“, изјави МВП-ракометарот на турнирот „Трофеј Карпати“, Марио Танкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА