Сташ Скубе е многу блиску до добивање на македонски пасош, па иако нема да може да настапи за репрезентацијата на ЕП 2020, Словенецот наскоро би можел да стане значаен адут на нашиот национален тим.
Тоа „меѓу редови“ на денешната прес-конференција го најави и селекторот Данило Брестовац, прашан кој дел од тимот најмногу би сакал да го засили.
„Кога би можел да бирам, би зел нов среден бек. И тоа да биде низок, со добра техника, бидејќи оние кои ги имаме во моментов се високи ракометари“ – истакна Брестовац.
ЕКИПА уште пред петнаесетина дена најави дека во напредна фаза е процедурата со која средниот бек на Вардар би добил македонски пасош, по што ќе може да настапува за нашата репрезентација. Тој поради ова го одби и повикот на селекторот на Словенија, иако беше вклучен на поширокиот список на ракометари за претстојниоте европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА