Манасков меѓу петте мајстори за „спин-шутеви“ на ЕП 2020

Како што се приближува стартот на возбудувањата на ЕП 2020, така се крева атмосферата во ракометна Европа. ЕХФ на официјалната веб-страница објави и листа од пет најголеми мајстори за „спин шутеви“ на европскиот шампионат, на која се наоѓа и Дејан Манасков. Левото крило на македонскиот национален тим е велемајстор за реализација од невозможни ситуации, па сосема заслужено се најде во ова одбрано друштво.

„Македонското лево крило има 27 години и важи за еден од играчите кои се темел на националниот тим, пред се поради неговата ефикасност. Без разлика дали за клубот или за репрезентациајта, Манасков ги користи сите трикови од својата „артилерија“ за да ја смести топката во мрежата. Исто така, тој не се срами за да употреби трикови“ – се вели во описот на ЕХФ за македонскиот репрезентативец.

Тимур Дибиров е уште еден мајстор на ракометната игра кој се наоѓа во ова „избрано друштво“ на ЕХФ, како и германскиот ас Уве Генсхајмер, потоа данскиот „бомбардер“ Микел Хансен, како и Мануел Штрлек, кој се најде на оваа листа иако нема да настапи за Хрватска на претстојниот европски шампионат.

Се вчитува...