Легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата надминувајќи го досегашниот ефект на Шпанецот Хуан Карлос Наваро (4.152 поени). Спанулис на вечерашниот меч против Фенербахче постигна 14 поени и сега има вкупно 4.157 поени во елитното европско кошаркарско натпреварување. Рекордот на Наваро го надмина со тројка од огромна далечина покажувајќи дека се уште е неверојатен кошаркарски снајпер.
Мечот во Пиреја беше прекинат откако Спанулис го урна рекордот, а наградата за ова фантастично постигнување му ја предаде Тео Папалукас.
Спанулис во Евролигата играше за Панатинаикос и за Олимпијакос.
The MOMENT!
Spanoulis drains the 3 to become the ALL TIME leading scorer in the EuroLeague ☝️#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/QnJd38FNxj
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 2, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА