Рајола: На никого не му вперив пиштол во глава

Најконтроверзниот фудбалски менаџер, Мино Рајола, повторно ја разгори јавноста со својата изјава поврзана со враќањето на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

„На никого не му се заканував. На никого не му ставив пиштол на главата за Погба да се врати во Јунајтед. Алекс Фергусон е сега против мене и Пол. Тоа е негово право. Но, кај беше кога неговиот наследник го врати Погба на „Олд Трафорд““, изјави Рајола. 

Погба во 2012 го напушти Јунајтед, за во 2016 за сума од 100 милиони евра да се врати во клубот.

Се вчитува...