Грчкиот Панатинаикос ја изненади ЦСКА Москва совладувајќи ја нагости по продолженија со 102-106. Русите го имаа натпреварот во свои раце откако во последната минута влегоа со водство од плус пет 89-84. Сепак, неколкуте грешки на Русите и одличниот Ник Калатес беа главни виновници натпреварот да замине во продолженија во кои подобро се снајдоа избраниците на Рик Питино за конечен триумф од 102-106.
Ник Калатес со 22 поени, 17 асистенции и 6 скока беше прво име на средбата, додека кај Панатинаикос се истакна и Митоглу со 25 поени. Недоволни за Русите беа и 30 поени на Мајк Џејмс и 24 поени на Даниел Хекет.
Анадолу Ефес без поголеми проблеми триумфираше над рускиот Химки со 101-82. Турците во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се надева дека може да стигне до победа. Ларкин и Плајс со по 20 поени беа предводници на турскиот тим, додека кај гостите се истакна Џереми Еванс со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА