Шкендија почна со зимски подготовки, фудбалерите на прв „рапорт“ кај Ернест Ѓока (ФОТО)

Актуелниот македонски првак Шкендија ги почна активностите во пресрет на зимските подготовки. Фудбалерите денеска се појавија во базата на првата прозивка кај тренерот Ернест Ѓока. Од утре ќе стартуваат и тренинзите, првата фаза е планирано да се одработи во Тетово, а потоа Шкендија ќе замине и на подготовки во турскиот туристички центар Анталија.

Агим Ибраими, Бесарт Ибраими и останатите се појавија на првиот собир, а ново име Валон Ахмеди кој го засили средниот ред на тетовскиот тим и веднаш се приклучува во работата со тимот.

Се вчитува...