Навивачите на Лидс буквално го окупираа Лондон: Алиоски ќе има огромна поддршка против Арсенал

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и неговиот Лидс ќе имаат огромна поддршка вечерва во Лондон во последниот натпревар од 3. коло во ФА Купот кој Лидс го игра против Арсенал.

Ќе биде тоа натпревар на два големи ривали од периодото додека Лидс беше постојано дел од Премиерлигата. Шампионот од сезоната 1991/92 не игра во елитниот англиски фудбал уште од 2004 година, кога Арсенал последен пат се закити со шампионскиот трофеј.

Но, сето тоа воопшто не претставува проблем за навивачите на Лидс кој буквално го окупираа Лондон пред денешниот дуел. Овие два клуба ќе се соочат по точно осум години кога играа исто така во 3. коло од ФА Купот. Тој натпревар го реши Тјери Анри со гол пред самиот крај на мечот.

 

Се вчитува...