Македонскиот прволигаш Ренова ги почна зимските подготовки во пресрет на вториот дел од сезоната во домашниот шампионат. Ново име кај „гипсарите“ е Џелил Абдула кој е повратник во тетовскиот тим. Тој се враќа во Ренова откако изминатите шест месеци ги мина во албанскиот клуб Лапи. Левиот бек кој добро се снаоѓа и како централен дефанзивец, ќе биде значајно засилување за одбраната на Ренова.
Првиот дел од подготовките „гипсарите“ ќе го реализираат во Тетово, а потоа треба да заминат во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА