Македонија ќе биде учесник на третите Зимски младински Олимписки игри кои ќе се одржат од 9. до 22. јануари во Лозана, Швајцарија. Нашата држава ќе ја претставуваат петмина млади спортисти, Мирко Лазарески (алпско скијање), Анамарија Зафировска (бијатлон), Дарко Крстески (бијатлон), Михаела Даноска (крос-кантри) и Андонаки Костоски (крос-кантри).
Тие ќе бидат предводени од своите тренери Борче Јованоски и Антонио Ристевски, а во експедицијата се и новиот потпретседател на МОК, Перо Антиќ, и генералниот секретар Сашо Поповски. Македонската експедиција денеска отпатува за Лозана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА