Германскиот првак Баерн Минхен сака да ја засили навалната линија со квалитетен крилен играч, а Ханси Флик си ја испроба среќата со Вилфрид Заха. Раководството на баварскиот клуб се обиде да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откупување на договорот, но Кристал Палас не сака ниту да слушне за таква зделка.
Англискиот премиерлигаш одреди сума од 80 милиони фунти за продажба на Заха. За одличниот офанзивец се заинтересирани и Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал, но, сепак, се чини дека отштетата што ја бара Кристал Палас е превисока и го отежнува заминувањето на Заха од овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА