Крајно неочекувано, едни од најголемите ривали во Серија А, Милан и Интер си договорија уште еден трансфер.
„Миланезите“ по ангажманот на Златан Ибрахимовиќ наводно носат уште еден напаѓал во јануарскиот преоден рок, Матео Политано.
Политано, кој летото 2018 пристигна во Интер, не може да конкурира за тимот покрај Лукаку, Санчез и Мартинез, па очекувано побарал заминување од клубот. Но, неочекувано се сели во Милан со кој клуб веќе се договорени услови. Милан ќе треба да му плати на Интер отштета од 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА