Тодоров објави поширок список: Од Димитријевиќ до Симиќ – Реновирана Македонија

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија го објави поширокиот список за првите два натпревара од квалификациите за ЕП 2021. Александар Тодоров најави подмладување на селекцијата во која еден од адутите треба да биде Ненад Димитријевиќ, кошаркарот на Хувентуд, а меѓу 24 имиња се и младите Кристијан Николов, Лука Савиќевиќ, Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Андреј Митревски и Теодор Симиќ.

Единствен без клуб во моментот е Марко Симоновски, а Тодоров ќе смета и на „странецот“ Шејн Витингтон. Меѓу носителите секако се браќата Војдан и Дамјан Стојановски.

ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ

  1. Ненад Димитријевиќ (Joventut Badalona)
  2. Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
  3. Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
  4. Марјан Младеновиќ (Работнички)
  5. Бобан Стајиќ (Кожув)
  6. Лука Савиќевиќ (Spanish Basketball Academy)
  7. Војдан Стојановски (Pau Lacq-Orthez)
  8. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  9. Марко Симоновски /
  10. Адем Мекиќ (Пелистер)
  11. Андреј Јакимовски (Reale Mutua Basket Torino)
  12. Марко Миловановиќ (Cremona Basket)
  13. Андреј Митревски (Феникс 2010)
  14. Стојан Ѓуроски (ALM Évreux Basket)
  15. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  16. Филип Бакоч (Еуро Никел 2005)
  17. Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
  18. Јетмир Зеќири (Пелистер)
  19. Шејн Витингтон (Real Betis)
  20. Кирил Николовски (Работнички)
  21. Љубомир Младеновски (Работнички)
  22. Бојан Трајковски (Кожув)
  23. Виктор Ефремовски (Работнички)
  24. Теодор Симиќ (Barcelona)

Се вчитува...