Домаќините на Европскиот ракометен шампиона Шведска и Норвешка со сигурни победи го отворија првенството.
Норвешка беше подобра од селекцијата на Босна и Херцеговина со 32-26. Норвежаните без поголеми проблеми ја поминаа првата пречка во походот кон европското злато. Сандер Сагосен со 12 погодици поднесе кандидатура за титулата најдобар стрелец на самитот на најдобрите европски репрезентации. Кај Босна и Херцеговина се истакна Никола Прце со седум гола.
Швеѓаните го напунија голот на Швајцарија совладувајќи ја со убедливи 34-21. Се беше решено уште во првиот дел во кој кодомаќинот постигна 20 гола. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 34-21. Толбринг, Нилсон и Екдал де Руиц со шест гола беа најефикасни кај домаќините, додека кај Швајцарија Енди Шмид постигна четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА