Лазаров: Среќа што се изнервирав и отидов на се или ништо

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација со драматична победа против Украина влезе во Европското првенство на кое групниот сегмент го игра во Виена. Голот за тирумф од 26-25 го постигна капитенот Кирил Лазаров.

„Имав неколку шанси во последните минути, не заслужив да не погодам, нивниот голман имаше и среќа. И многу се изнервирав и отидов на се или ништо. Испадна добро. Младите играчи избегнуваа одговрност при крајот, тоа се гледаше од авион, ако сакат да напредуваат мора да преземаат одговорност. Мора да научиме од овој натпревар и вакви работи да не ни се повторуваат. Добро е што ја израдувавме нацијата, малку да се избегне од политика која е доминатна последниве години“ – рече Лазаров по натпреварот.

Македонскиот национален тим утре има ден за пауза, в недела ќе игра против селекцијата на Чешка.

 

 

Се вчитува...