Кога Македонија игра ракомет на ЕП – секој Македонец станува ЛЕЛЕКТОР. Лелека за секоја топка, скока, се превртува на тросед, пие пиво и вади пцовки од дното на душата. И најважно од се…знае ракомет повеќе од Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Лино Червар заедно…
_________________________________________________________________________________________________________________
Се израдувавте? Ве пуштив сите да си кажете од душа. Фејсбук се преврте, сите нешто паламудите. Еден е Киро…Да бе, еден е. Да имавме двајца – тројца такви, немаше да бидеме вечно „15-ти“.
И не реков јас бадијала….Не играјте ко пички. Знам дека е патентирано од Столе, ама и Киро им го кажа на Фитиљо и на Таљо, и тоа среде утакмица, кога се решаваше. Требаше и по една заушка да им мавне, да им зујат ушите три дена. Да ги напраи – Остроушко.
Еден е Киро, тоа не е некоја тајна. Еден е зошто има – balls. Да земе, да ја тапка до пет секунди пред крај – и да шутне за победа. Не се плаши да преземе на себе. Тоа го немаат сите и е главната карактеристика на еден лидер.
Фитиљо очигледно нема таков фитиљ. Таљо доби награда играч на мечот, ама реално беше далеку од тоа. Нивен проблем е што веќе одамна не се само „таленти“. Сега треба да имаат меѓу нозе и малку повеќе храброст, да шутнат кога се решава. Па, и нека утнат, барем ќе излезе нешто повеќе од – џимиринките. Капацитет за да му додаваат само на Киро, кога ќе биде тесно.
И чекај бе…Киро скокна и погоди. А да не погодеше. Ќе требаше и Брестовац да објасни зошто, на пример, не зеде тајмаут. Десетина секунди до крај, а ние имаме напад за победа. Не треба да биде Македонија само „дај му ја на Киро“. Иако тој секако не бега и сам си ја зема.
За мене ни Киро не беше „мен од ф меч“. Никучо, море, како бранешее. Се раскости детето за да им ги покрие лајната на овие напред што грешеа кога бевме во напад. Тој го спаси мечот, па после Киро ја врати победата. Долго време беше во сенка, си ќутеше детето и си ги дочека минутите. Тука мора да се признае, Данило имаше balls да го пушти на гол пред Борко.
Ја тепавме Украина. Убаво е, ама не е чудо големо. Ама сега ќе бараат јунаци за Чешка и за Австрија. А ние, да си бидеме искрени, многу и ги немаме. Или…едвај некого и да имаме. Со двајца – тројца, ракомет не се игра! И тоа топката побрзо бре, лево – десно….доле кај Столе. И пак…Многу е битна онаа на Столе – „Не играјте ко … “
Ајде да видиме колку од вас другите имаат BALLS. Ако ви треба превод, пипнете кај Киро меѓу нозе!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА