Чави ќе биде новиот тренер на Барселона, а промоцијата на поранешниот капитен на каталонскиот гигант се очекува во текот на следната седмица, откако тој доби дозвола за враќање во татковината од раководството на Ад Сад. Легендата на Барса вчера во изјава истакна дека сигурно еден ден ќе се врати, но во моментов има ангажман во Катар, воедно потврдувајќи и дека водел преговори со директорот на Барса, Ерик Абидал.
Сепак, утрово катарските медиуми обелоденија дека челниците на Ал Сад му излегле во пресрет за неговото барање за предвремен прекин на соработката. Официјализацијата на неговото заминување од катарскиот клуб се очекува во текот на денешниот ден, по што Барса во наредните 24 часа би требало и официјално да го именува Чави за наследник на Ернесто Валверде.
Чави ќе потпише договор на две и пол сезони, со што ќе се врати во тимот во кој мина 17 сезони како играч. Тој освои 25 трофеи во дресот на каталонскиот гигант, одигра 769 натпревари, притоа бележејќи 86 гола и 186 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА