Невил мораше да признае: Ливерпул е неверојатен

Легендата на Манчестер Јунајтед, познат по лошите коментари на сметка на Ливерпул, Гери Невил сепак мораше јавно да признае дека тимот на Јирген Клоп е апсолутно најдобар сезонава во Премиер-лигата.

„Оваа сезона Ливерпул е неверојатен. Играат преубаво, уживање е да ги гледаш. Го прават токму тоа што треба да го прави победничка екипа“ – вели Невил.

Тој е уверен дека „црвените“, по три децении, сезонава ќе ја освојат титулата.

„Оваа сезона не гледам некој кој би можел да ги запре. Меѓутоа, сите рекорди за кои постојано се зборува се неважни. Најважно е само едно – да ја вратат шампионската титула во Ливерпул“ – објаснува поранешниот играч на Јунајтед, сега телевизиски аналитичар.

Ливерпул е убедливо прв на премиерлигашката табела со 61 бода, 14 повеќе од бранителот на титулата, второпласираниот Манчестер Сити.

 

Се вчитува...