Клоп во последен момент спречи готов трансфер на Шаќири во Рома

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири не се наигра многу во досегашниот дел од сезоната во дресот на Ливерпул.

28-годишниот офанзивец одигра само 174 минути во Премиер-лигата постигнувајќи само еден гол. Токму поради тоа веќе беше пред заминување од клубот на почетокот од овој месец. Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул во голема мера ја договорил неговата преселба во Рома но сето тоа го спречил Јирген Клоп.

Менаџерот на „црвените“ не дозволил негово заминување од клубот одбивајќи ја понудата од Рома, и покрај тоа што од раководството на клубот биле сериозно заинтересирани за продажба. Сепак, Клоп го имал последниот збор.

Рома експресно сака да пронајде крилен напаѓач откако тешка повреда заработи Николо Заниоло. Шаќири за нив беше идеален избор, но Клоп не сака да го пушти пред крајот на сезоната.

Се вчитува...