По 100 долари за секој постигна поен на Фенербахче во оваа седмица со двојна програма во Евролигата. Вкупната сум ќе оди за помош на Австралија. Ова е донацијата што ја најави чешкиот кошаркар на Фенербахче, Јан Весели. Тој се врќа по повредата и очекува да биде во тимот за дуелите со Асвел и со Барселона.
Акцијата за донирање ја покрена австралиецот Џок Лејндејл, му се приклучија и Крис Синглтон и Крис Џејмс. Од денеска и Јан Весели.
This @euroleague double week I will be joining donations to help #Australia stop and recover from bushfires. For every point we score as a team i will donate 100$ pic.twitter.com/Wgw6UYe3La
— Jan Vesely (@JanVesely24) January 14, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА