ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Последните пресметки на големите натпреварувања меѓу Македонија и Австрија минувале во знакот на македонските голмани, Борко Ристовски и Петар Ангелов – Диви, кои донесоа радост на ЕП во Данска во 2014 и на СП во Катар една година подоцна.
Дуелот во Данска исто така беше пресметка од третото коло во групната фаза, а влог беше влезот во следната рунда. Македонија по голема битка триумфираше во Хернинг со минимални 22-21, натпревар на кој блескаше Борко Ристовски со 19 успешни интервенции.
Во 2015 година во Катар славевме со 36-31, по израмнетото прво полувреме (16-16), во вториот дел блесна Ангелов, за петнаесетина минути собра седум одбрани и ја донесе победата.
Денеска се очекува на голот на Македонија да застане Никола Митревски, кој бранеше одлично на премиерниот дуел со Украина и ќе се обиде во ист стил да им ги замрси сметките на Австријците. За македонските голмани да продолжат да и набиваат комплекс на оваа репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА