Репрезентацијата на поранешниот светски шампион, Франција со една победа, во последното коло, против Босна и Херцеговина се прости од Европското ракометно првенство. Французите во третото коло од прелиминарниот групен сегмент славеа со 31-23.
Од оваа конкуренција Д во главната фаза одат репрезентациите на Норвешка и на Португалија кои денеска во вечерниот термин ќе играат меѓусебе за првото место и за пренесување бодови во следниот сегмент.
Watch the Game Highlights from Switzerland vs. Slovenia, 01/14/2020 pic.twitter.com/Wb2j2QAyOT
— EHF EURO (@EHFEURO) January 14, 2020
Словенија со максимални три победи го завршува воведниот дел од Европското првнество. Во третото коло од групата Ф, Словенците ја победија Швајцарија со 29-25. Словенија како првопласирана оди натаму, а и направи услуга на Шведска која има победа над Швајцарија во меѓусебниот дуел, идентични два бода, а вечерва игра против Полска.
Watch the Game Highlights from Bosnia Herzegovina vs. France, 01/14/2020 pic.twitter.com/QyXA1tX3eo
— EHF EURO (@EHFEURO) January 14, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА